Дописници МКДЛокални избори 2021Општински вести

Борчо Коцев ја презеде функцијата градоначалник на Општина Зрновци

Во Зрновци денеска официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник на Општината, помеѓу досегашниот градоначалник Блаже Станков и новоизбраниот Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ.

Кочани, 27 октомври 2021 (МИА) – Во Зрновци денеска официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник на Општината, помеѓу досегашниот градоначалник Блаже Станков и новоизбраниот Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ.

На првиот работен ден како градоначалник, Коцев вети дека во наредните четири години ќе обезбеди целосна реализација на предизборната програма во која се сместени стотина проекти.

– Се чуствувам подготвен и способен заедно со Советот, стручните служби, како и со локалните институции на општината да одговорам на задачите и обврските кои со себе ги носи оваа одговорна функција со посветено и домаќинско работење. Пред започнување на изборната кампања, заедно со граѓаните на општина Зрновци, изготвивме програма за работа на шеесетина страни со над 100 проекти, решенија и предлози за работа во новиот мандат, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

Досегашниот градоначалник Блаже Станков, кој е од истата политичка опција како и Коцев, му посака успех на својот наследник и успешна реализација на ветените проекти од предизборната програма.

– Убеден сум дека сето она што беше понудено во изборната програма ќе биде остварено. Посакувам разбирање со граѓаните, го чека многу работа и труд за исполнување на програмите. Мене ми беше чест да бидам прв човек на Зрновци, им благодорам на граѓаните и на вработените во општинската администрација за успешната сорботка и реализацијата на проектите во изминатите четири години, истакна Станков.

Борчо Коцев доаѓа на градоначалничката функција по победата во првиот круг од локалните избори, со разлика од 200 гласа пред својот противкандидат Виктор Ангелов од СДСМ. та/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close