Дописници МКДЛокални избори 2021

Божинов: Нема да дозволиме повеќе диви депонии во Ново Село

Кандидатот за градоначалник на Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Божинов во денешната изјава потенцира дека општината заслужува да биде позната по тоа што најмногу и доликува - чисти планини, чиста вода, чисти села и котлина.

Струмица, 21 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Божинов во денешната изјава потенцира дека општината заслужува да биде позната по тоа што најмногу и доликува – чисти планини, чиста вода, чисти села и котлина.

Како што посочи Божинов, нема да дозволи воздухот да биде загаден од диви депонии кои никнуваат насекаде и од несовесни времени или трајни загадувачи.

-Затоа, оваа прилика ја користам да ве поканам да го зајакнеме волонтерскиот дух и темелно да ја исчистиме нашата општина на самиот почеток од мојот мандат. Јас самиот ќе ја предводам нашата акција, рече Божинов.

Додаде дека проектите поради кои доби повеќе гласови во првиот круг, треба да се реализираат веднаш и рече дека од 1 ноември општината Ново Село мора темелно да се исчисти. рт/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close