Дописници МКДОпштински вести

Богата културна програма во Крива Паланка до крајот на месецот

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, ги повика љубителите на адреналинска авантура низ Осоговските Планини претстојниот викенд, а веќе следната недела е резервирана за големите меѓународни фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски" и познатиот музички фестивал „Џој фест ", кои ќе се организираат на централниот плоштад во градот и се очекува да привлечат бројна публика од државата и регионот.

Крива Паланка, 16 август 2022 (МИА) –  Од Општина Крива Паланка најавуваат  богата културно-уметничка и забавна програма до крајот на месецот, со содржини за сите генерации.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, ги повика љубителите на адреналинска авантура низ Осоговските Планини претстојниот викенд, а веќе следната недела е резервирана за големите меѓународни фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски” и познатиот музички фестивал „Џој фест “, кои ќе се организираат на централниот плоштад во градот и се очекува да привлечат бројна публика од државата и регионот.

– По викенд релито низ Осоговието, следната недела ќе биде исполнета со разновидни содржини. Најмладите секогаш се во фокусот на нашата работа, развиваме здрава младина со спортско-рекреативната манифестација „Фудбал за сите” која Општина Крива Паланка ја организира во соработка со ТАКТ,  од 22-26 август, градски стадион. Ја негуваме традицијата, го промовираме фолклорното богатство со тридневниот, 17-ти по ред, Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски” на кој сме домаќини на ансамбли и фолклорни друштва од: Турција, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и РС Македонија во деновите од 24 до 26 август. Претпразничниот ритам го навестува
големиот фестивал „Џој фест 2022″ 27 и 28 август, сабота и недела, викенд во кој сите патишта ве носат во Крива Паланка за настапите на: Каролина Гочева, Бени и „Нон Стоп”, „Црвена јабука бенд”, „Brass Brothers” , DJ Goce Saf и Аца Лукас. Нека Крива Паланка биде  неодминлива дестинација во деновите од августовскиот летен одмор на сите посетители, кои ќе бидат угостени од гостопримството на паланчани за кое надалеку и долго се раскажува, рече Митовски.

На програмата на „Кривопаланечко културно лето 2022″ за во среда е закажан настанот „Уметност и музика “, со изложба на цртежи и акрили од Владимир Величковски и концерт на бенд „Триплет”. Настанот ќе се одржи на платото пред Градски музеј Крива Паланка, кој е организатор со Центарот за аудиовизуелни уметности Крива Паланка, со поддршка на Европската куќа од градот.

Во организација на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, во петок, (ќе се одржи традиционалната поетска манифестација “Лирски треперења”.ид/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close