Дописници МКДОпштество

БМ Бајт од Скопје најуспешна екипа на Крапскиот риболовен натпревар на Осломејско Езеро

Во изминатите три дена на Осломејско Езеро се одржа вториот годинашен крапски риболовен натпревар на кој учествуваа 15 екипи од земјава и странство. По 75 часа ловен маратон, првото место со најголема количина уловен крап го освои екипата на „БМ Бајт“ од Скопје. Второто место им припадна на „Гангстери“ Велес, а третото место за Карт тим „МИА ... ББЦ“ Скопје.

Кичево, 26 септември 2021 (МИА) – Во изминатите три дена на Осломејско Езеро се одржа вториот годинашен крапски риболовен натпревар на кој учествуваа 15 екипи од земјава и странство. По 75 часа ловен маратон, првото место со најголема количина уловен крап го освои екипата на „БМ Бајт“ од Скопје. Второто место им припадна на „Гангстери“ Велес, а третото место за Карт тим „МИА … ББЦ“ Скопје.

-По втор пат годинава на Осломејско Езеро организиравме Крапски риболовен натпревар на кој зедоа учество 15 екипи од земјава и странство. По многу возбудувања и крајно изедначена борба, екипата на БМ Бајт од Скопје со уловени 33 примероци на крап со вкупна тежина од 86,770 килограми го освои првото место. Второто место со вкупен улов од 85,530 килограми и 29 примероци на крап го освои екипата на „Ганстери“ од Велес, додека третото мести и припадна на екипата на Карт тим МИА…. ББЦ од Скопје имаше улов  од 79,440 килограми со 25 уловени примероци. Најкрупниот крап на овој натпревар го имаше членот на Карт тим чиј поединечен примерок имаше тежина 6,625 килограми, истакна Бесмир Елези, претседател на Спортско риболовното друштво „Хантер фиш“ од Кичево, организатор на овој натпревар, кој посочи на висината на наградите кои ги освоиле првите три екипи на натпреварот и на вкупниот улов во трите дена.

Екипите кои ги освоија првите три места покрај пехари и медали добија и парични награди. Првопласираната екипа беше наградена со 16 000 денари, второпласираната со 10 000 денари и третопласираната со 6 000 денари. Риболовецот кој го имаше најкрупниот улов на крап беше награден со 3 000 денари. Во трите дена екипите учесници на риболовниот натпревар имаа вкупен улов од 605,115 килограми, со просечна тежина на еден крап од 2,763.

Елезеи најави дека во текот на есента се планира организирање и на трет риболовен натпревар на ова езеро.за/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close