0_Web_АктуелноДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Бејта: Во програмата се предвидени нов мост, спортски терен и современ парк во населбата Дутлок

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта на предизборен собир со жителите на населбата Дутлок ја претстави делови програмата во која се предвидени неколку покрупни зафати.

Гостивар, 26 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта на предизборен собир со жителите на населбата Дутлок ја претстави делови програмата во која се предвидени неколку покрупни зафати. Бејта најави дека за еден мандат ќе биде изграден нов, четврт мост на реката Вардар, реконструкција и современо уредување на големиот парк и нов терен за мали спортови. Тој својата кандидатура пред граѓаните ја образложи со зборовите дека го сака Гостивар и дека знае што му треба на градот и како тоа да се направи.

– Проектите кои се програмата се остварливи со финансирање од три извори, од општинскиот буџет, од државна поддршка и меѓународни фондови. Другите ветуваат многу, а видовме што сработија за четири години. Ништо не сработија. Мислат на политичките кариери и амбициите им се надвор од Гостивар, рече Бејта на собирот.

На собирот присуствуваше и министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, кој како што рече во обраќањето дошол лично да ја побараа поддршката од граѓаните за вториот круг.

– Невзат Бејта е докажан соработник и професионалец и затоа од претходно ја доби нашата доверба во претходните разговори. Гласот за Бејта и бројот три ќе донесе напредок и подобра иднина, рече Филипче.

На крајот од собирот, граѓаните имаа можност да постават прашања и добија директни одговори од Филипче и Бејта.змг/ир

Back to top button
Close
Close