0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерТенис

Беретини се квалификува на завршниот АТП турнир

Седмиот светски рекет Матео Беретини се пласираше на завршниот АТП турнир кој ќе се одржи во Торино.

Торино, 26 октомври 2021 (МИА) – Седмиот светски рекет Матео Беретини се пласираше на завршниот АТП турнир кој ќе се одржи во Торино.

За Италијанецот ова ќе биде второ учество на турнирот со кој се затвора сезоната.

Финалистот од Вимблдон е шестиот учесник за завршниот АТП турнир.

Претходно пласман во Торино изборија: Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев и Андреј Рубљев.

Турнирот ќе се одржи од 14 до 21 ноември. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close