0_Спорт.ПорталКошарка

Бен Симонс може да го преиспита својот став за играње за Филаделфија

Кошаркарот Бен Симонс може да ја преиспита својата одлука за неиграње за тимот. Симонс е казнет со 360.000 долари за пропуштање на претсезонскиот меч со Торонто во понеделникот.

Филаделфија, 6 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарот Бен Симонс може да ја преиспита својата одлука за неиграње за тимот. Симонс е казнет со 360.000 долари за пропуштање на претсезонскиот меч со Торонто во понеделникот.

Австралиецот не пристигна на тренинг кампот на Сиксерс и јасно стави до знаење дека повеќе нема да игра за Филаделфија, дури и ако тоа го чини милиони долари.

Сепак, според новинарот на „Фили Војс“, Кајл Нјубек, Симонс почнува да ги чувствува финансиските последици од неговата одлука.

Претставниците на играчот разговараа со синдикатот на кошаркарки во НБА-лигата, при што им беше кажано дека нема да можат да ги вратат парите одземени од платата на играчот.

Симонс може да загуби 1,4 милиони долари во казна доколку ги пропушти сите четири претсезонски натпревари.

Исто така, дефанзивецот ќе загуби околу 7,2 милиони доколку го пропушти првиот месец од сезоната. Дури и да оди во нов тим на Симонс нема да му бидат вратени парите што ќе ги загуби поради казни. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close