0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономијаПолитика

Бектеши на состанок на Министерскиот совет на Енергетска заедница во Белград

 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на 19-тиот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница што ќе се одржи во Белград, Република Србија, која е преседавач со Eнергетската заедница за 2021 година.

Белград, 30 ноември 2021 (МИА) – Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на 19-тиот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница што ќе се одржи во Белград, Република Србија, која е преседавач со Eнергетската заедница за 2021 година.

На состанокот на Министерскиот совет на Енергетска заедница ќе се дискутира за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница, меѓу кои статусот на имплементација на Договорот во областите електрична енергија, природен гас, обновливи извори на енергија, клима, енергетска ефикасност, животна средина.

Како што соопштија од Министерството за економија, во рамки на состанокот ќе се гласа и за назначување на директор Секретаријатот на Енергетска заедница. бк/са/

 

Back to top button
Close
Close