Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Бекатон-плочки на улици во селата Црешнево, Брест, Грешница и Суводол

Од почетокот на август годинава, со средства обезбедени преку Бирото за регионален развој на Република Северна Македонија, се врши темелна реконструкција на инфраструктурата во четири села во Општина Македонски Брод.

Македонски Брод, 28 септември 2021 (МИА) – Од почетокот на август годинава, со средства обезбедени преку Бирото за регионален развој на Република Северна Македонија, се врши темелна реконструкција на инфраструктурата во четири села во Општина Македонски Брод.

Со овој зафат ќе бидат опфатен улиците во селата Црешнево, Брест, Грешница и Суводол, истакнуваат од општината.

– Повеќе од 30 дена се врши целосна реконструкција на улиците во четири села во Општина Македонски Брод. Се работи за селата Црешнево, Брест, Грешница и Суводол. На улиците во овие села ќе бидат поставени бекатон плочки со вкупна површина од 12 илјади метри квадратни. Завршени се работите на локалните улици во село Брест, а преостануваат активностите во уште три села опфатени со оваа програма. Бирото за регионален развој на РСМ за оваа намена обезбеди 7 000 000 денари, а изведувач на работите е компанијата „Ас Сењак“ од Кичево, вели Живко Силјаноски, градоначалник на Општина Македонски Брод.

Тој посочи дека со овој проект целта на општината е да ги подобри условите за живот на жителите од овие села и на тој начин да придонесе да се намали миграцијата село-град која доби на интензитет последните неколку години и децении. за/цр

Таг
Back to top button
Close
Close