Дописници МКДОпштински вести

Без струја утре повеќе улици и една населба во Кичево

Без електрично напојување утре два часа ќе останат повеќе улици и една населба во Кичево.

Кичево, 26 октомври 2021 (МИА) – Без електрично напојување утре два часа ќе останат повеќе улици и една населба во Кичево.

Поради зафати во електридистрибутивната мрежа, во периодот од 10:30 до 12:30 без електрично напојување во Кичево ќе останат населбата „Ложионица“, улиците „Борис Кидрич“, „4-ти Јули“ и „11-ти Септември“.

– Во овој период во овој дел од градот ќе работи екипа на ЕВН, информираа од подружницата во Кичево.

Без електрично напојување ќе останат како домаќинствата, така и локалите и сите јавни установи што се лоцирани во овој дел од градот. за/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close