Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Без проблеми почна изборниот процес во Кочани, се гласа на 60 гласачки места

Без проблеми почна гласањето за локалните избори во општина Кочани, а сите гласачки места се отворени навреме.

Кочани, 17 октомври 2021 (МИА) – Без проблеми почна гласањето за локалните избори во општина Кочани, а сите гласачки места се отворени навреме.

Според податоците од Општинската изборна комисија, запишани се 32.926 гласачи на 63 избирачки места, но се гласа на 60 локации, со оглед што на три места има запишано помалку од десет избирачи кои правото на глас го остваруваат во соседното најблиско избирачко место.

-Гласачките места се отворени во 7 часот, на почетокот имаше бавност во гласањето поради новите уреди за утврдување на отпечатокот на прст, но и тоа е надминато и сега се одвива без проблеми. Во текот на вчерашниот ден гласаа 46 лица кои се на издржување затворска казна, како и 152 болни и изнемоштени и девет лица кои се во изолација поради Ковид-19, истакна Билјана Гичева, претседателка на Општинската изборна комисија – Кочани.

Освен во Кочани, навреме се отворени и сите избирачки места во општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, каде гласањето од утрово се одвива без проблеми. та/рп/

Фото: МИА архива

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close