Општински вестиСкопје

Без вода утре неколку улици во Сингелиќ и Стајковци

Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Фуштанска“, „Јужноморавски бригади“, „Жегљане“, „Среќко Пужалка“, селото Стајковци и со намален притисок населбата Сингелиќ.

Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) – Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Фуштанска“, „Јужноморавски бригади“, „Жегљане“, „Среќко Пужалка“, селото Стајковци и со намален притисок населбата Сингелиќ.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на два затворачи од Ф-125 мм,на ул.„Фаштанска“ бр.94 во населбата Сингелиќ.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.фф/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close