Дописници МКДОпштински вести

Без вода утре дел од Кавадарци и Неготино поради градежни работи

Без вода во текот на утрешниот ден ќе остане дел од населението во градот поради градежни работи, информираат од ЈП Комуналец Кавадарци.

Кавадарци, 25 октомври 2021 (МИА) – Без вода во текот на утрешниот ден ќе остане дел од населението во градот поради градежни работи, информираат од ЈП Комуналец Кавадарци.
– Согласно планот за одржување и реконструкција на водоснабдителниот систем, утре на главната доводна водоводна линија за општините Кавадарци, Неготино, Росоман ќе се изведува градежни работи. Поради тоа, во текот на денот ќе се јави прекин во водоснабдувањето во високата зона на градот, како и намален притисок во останатиот дел на градот. Замолуваме за рационално користење на водата, соопштија од претпријатието.
ЈП Комуналец – Неготино пак, исто така извести дека утре ќе се изведуваат градежни работи на главната доводна водоводна линија за општините Кавадарци, Неготино и Росоман.
-Поради тоа, ќе се јави прекин во водоснабдувањето од девет до 17 часот. Ве молиме за рационално користење на водата, апелираа од неготинското претпријатие.свд/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close