Дописници МКДОпштински вести

Без вода три села и фабрика во Тиквешијата

Без вода за пиење останаа три села и фабрика во Тиквешијата поради дефект. За ова попладнево информираа од јавното претпријатие „Комуналец" од Кавадарци.

Кавадарци, 18 октомври 2021 (МИА) – Без вода за пиење останаа три села и фабрика во Тиквешијата поради дефект. За ова попладнево информираа од јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.
– Поради дефект на водоводна линија за фабрика ФЕНИ, сегашно Еуроникел, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до 19 часот. Без вода за пиење ќе остане  населението од селата Возарци, Шивец и Трстеник, како и самата фабрика, појаснија од претпријатието.
Оттаму ги замолија за разбирање сите што останаа без вода за пиење. свд/хс/

Back to top button
Close
Close