Дописници МКДОпштински вести

Безбедно лето во Куманово: „Носи кацига, вози одговорно!“

Припадници на МВР, СВР Куманово, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и претставници од Факултетот за безбедност, денеска во Куманово поделија летоци и разговараа со учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и носење кацига.

Куманово, 2 јули 2022 (МИА) – Припадници на МВР, СВР Куманово, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и претставници од Факултетот за безбедност, денеска во Куманово поделија летоци и разговараа со учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и носење кацига.

Беше спроведена превентивна кампања насочена пред се кон возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети под мотото „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“.

Како што информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, минатата година е со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првата половина на 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.

Истакна дека ваквите превентивни акции директно влијаат на подигањето на нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот.

-Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка. Минатата има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првата половина на 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првата половина на 2022 година има 44 жртви, што е за 14 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 58. Оваа кампања што денеска ја спроведуваме е за да влијаеме на свеста на возачите и на тој начин самите да си ја зголемат безбедноста. Ова особено важи за возачите на мотори, но и за возачите на електрични тротинети, кои се се помногубројни. Носењето кацига може да ви го спаси животот. Иако минатата година е најбезбедна во последните 15 години, сепак имаме 11 возачи на мотори кои го изгубиле животот. Доколку ги почитуваме правилата и носиме заштитен шлем оваа бројка значително ќе ја намалиме, рече Ангеловски.

Најави дека покрај превентивните акции, продолжуваат и засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата.

Дејан Андоновиќ од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потенцира дека овие кампањи имаат за цел да ја подигнат  јавната свест и сообраќајната култура

-Со летните темпператури, но и со зголемените цени на горивата , на улиците  е забележливо големо присуство на велосипедисти, луѓе кои се движат со мопеди, но од поново време и со електрични тротинети. Мошне е важно оваа категорија на учесници во сообраќајот да внимаваат како се однесуваат во сообраќајот, и во рамките на правилата и прописите да се движат во пропишаните места и со пропишана брзина на движење. Колку автомобилите се опасност за велосипедистите и мопедистите, толку оваа категорија претставува сериозна опасност за пешаците. Значи сите категории во сообраќајот, доколку се движат во пропишаните норми, ќе ја намалат опасноста од евентуални сообраќајни инциденти, рече  Кампањите на РСБСП, заедно со МВР и Факултетот за безбедност имаат за цел да ја подигнат  јавната свест и сообраќајната култура. Да укажеме и да постетиме на опасностите, но и на превенцијата на лицата кои управуваат со овие превозни средства. Заштитната кацига за велосипедистите и лицата кои управуваат електрични тротинети носи безбедност и сигурност, рече Андоновуќ.

Тој кажа дека лицата кои управуваат електрични тротинети, покрај осветлувањето треба да носат и рефлектирачки елеци доколку се движат во период откако доаѓа вечерта,  се до раните утрински часови.ам/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close