Локални избори 2021Политички партии

БДС ја претстави својата програма во Студеничани

Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) вечерва беше во Батинци во Општина Студеничани, каде ја промовираше својата програма. Во оваа општина БДС настапува со своја кандидатска листа каде носител е Суад Јуќиќ.

Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) – Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) вечерва беше во Батинци во Општина Студеничани, каде ја промовираше својата програма. Во оваа општина БДС настапува со своја кандидатска листа каде носител е Суад Јуќиќ.

-Студеничани заслужуваат конечно решенија кои ќе придонесат за хуман развој и решенија кои се достојни на 21 век. Со заокружување на бројот 23 на 17 октомври, вие ќе придонесете да имаме повеќе членови во советот и да овозможиме грижа за нашите пари и паметно користење. Затоа што Батинци и студеничани заслужуваат да живеат во едно поинакво Студеничани за сите нас, изјави Јуќиќ.

На промоцијата присуствуваше и претседателот на БДС и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Мунир Колашинац, кој ги повика студеничани да го заокружат бројот 23.

-Ве повикувам сите вас, да го заокружите бројот 23 и да го дадете својот глас за едно поинакво Студеничани, за поинакво Батинци, за што повеќе советници во општината, за домаќинско работење, за инвестиции кои ги заслужувате. Да бидеме коректив во советот. Суад Јуќиќ е човек кој со својот тим на советници, ќе биде таму за вас, Колашинац.

БДС на овие избори настапува самостојно во неколку општини со свои кандидати за градоначалници и со листи за советници во повеќе општини. БДС е прва бошњачка партија која самостојно настапува на избори. ац/

Таг
Back to top button
Close
Close