0_Спорт.ПорталКошаркаСпортСпорт.Слајдер

Бајиќ ги одбра кандидатите за јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ ги одреди 14-те играчи на кои ќе смета за претстојните натпреварите против селекциите на Шпанија и на Украина во јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Светскиот куп во 2023 година.

Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ ги одреди 14-те играчи на кои ќе смета за претстојните натпреварите против селекциите на Шпанија и на Украина во јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Светскиот куп во 2023 година.

На списокот на Бајиќ се најдоа:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Маслинко – ТФТ
Страхил Николов – ТФТ
Виктор Ташовски – ТФТ
Виктор Ефремовски – Гостивар
Валмир Какруки – Работнички
Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија
Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)
Рубин Стефанов – Италија.

Натпреварот со Шпанија е закажан за 1 јули во Сарагоса, три дена подоцна е дуелот во Скопје против селекцијата на Украина. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close