0_Web_АктуелноСветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Бајден замина на Флорида по катастрофалните последици од ураганот Ијан

Претседателот вети дека федералната влада ќе работи со државните и локалните власти на Флорида за да ги обнови домовите, бизнисите и нормалниот живот, оставајќи ја засега  политиката настрана и фокусирајќи се на оние на кои им е потребна помош.

Вашингтон, 5 октомври 2022 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска замина за Флорида, која пред неколку дена беше тешко погодена од ураганот Ијан.

Претседателот вети дека федералната влада ќе работи со државните и локалните власти на Флорида за да ги обнови домовите, бизнисите и нормалниот живот, оставајќи ја засега  политиката настрана и фокусирајќи се на оние на кои им е потребна помош.

Ураганот Ијан минатата недела уби најмалку 84 лица, од кои 75 токму во оваа американската сојузна држава, чии стотици илјади жители се уште чекаат да се врати електричната енергија. Претходно, околу 2,6 милиони лица беа без струја, а многумина сè уште немаат пристап до храна и вода.

Бајден планира денеска да се сретне со жителите и малите бизниси во Форт Мајерс, во близина на местото каде што ураганот Ијан удри на тлото на Флорида, и да им се заблагодари на претставниците на локалната власт за пружањето итна помош и отстранување на урнатините .

Бајден ќе биде придружуван од неговите истакнати критичари од Републиканската партија: гувернерот на Флорида Рон Де Сантис и сенаторот Рик Скот, објавија портпаролите на Белата куќа и сенаторот Скот.

Претходно Белата куќа соопшти дека „сега не е време“ да се разговара за политичките разлики меѓу американскиот претседател и гувернерот на Флорида, малку повеќе од еден месец пред таканаречените „меѓувремени“ избори за американскиот Конгрес. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close