Локални избори 2021Политички партии

Бачев: Да ја вратиме назад општината на граѓаните

Изборниот караван на Единствена Македонија предводена од претседателот на партијата Јанко Бачев денеска беше Велес, каде беше искажана поддршка за кандидатката од оваа партија за носител на советничката листа за Општина Велес Елизабета Костова Бочварова и беше претставена партиската програма за претстојните локални избори 2021.

Велес,12 октомври 2021 (МИА) – Изборниот караван на Единствена Македонија предводена од претседателот на партијата Јанко Бачев денеска беше Велес, каде беше искажана поддршка за кандидатката од оваа партија за носител на советничката листа за Општина Велес Елизабета Костова Бочварова и беше претставена партиската програма за претстојните локални избори 2021.

Според Бачев,  најсилен адут на изборите на Единствена Македонија е квалитетната листа со кандидати.

-Ја бареме довербата, еве и од велешани со чесни и честити кандидати, бидејќи според нашата филозофија на гледањето на работите многу е лесно да се решаваат реалните потреби на народот, науката се има погрижено како се гради едно современо едно убаво општество  за  живеење, потребни се само чесни политичари, потенцира Бачев.

Ова, порача, не се вообичаени избори, а на 17 октомври со самиот пад на оваа Влада го отвараме патот и за парламентарни избори, со коишто конечно ќе ставиме крај на оваа ненародна власт којашто брише се’ што е македонско и  што не ја ужива довербата на народот.

Бачев верува дека нивните советници ќе стојат на обврската и тоа што ќе го ветат како идни советници во Советот на Општина Велес ќе биде исполнето.

-За нас е најбитно да и ја вратиме назад општината на граѓаните, а не општините да бидат испостави на власта за грабеж на народот. Затоа и ја упатувам мојата порака до велешани овојпат гласајте за себе, гласајте за доброто на Велес, гласајте за доброто на Македонија, гласајте за доброто на листите за Единствена Македонија и заокружете го бројот 19, порача Бачев  од Велес.

Елизабета Костова Бочварова, како носител на советничката листа за Општина Велес од Единствена Македонија, нагласи дека нејзините залагања како советник во Општина Велес ќе бидат приоритетите на граѓаните и тоа решавање на проблемите од животната средина, локалниот економски развој и развој на индустриските зони и привлекување на странски инвестиции и вработувања, како  и сите останати потреби на граѓаните.ад/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close