0_Магазин.ПорталДизајнМагазин

„Баленсијага“ со необична сценографија во Париз

Луксузниот бренд ја претстави новата колекција за летото следната година на Модната недела во Париз, со особено необична сценографија.

Париз, 5 октомври 2022 (МИА) – Луксузниот бренд „Баленсијага“ ја претстави новата колекција за летото следната година на Модната недела во Париз, со особено необична сценографија…

Имено, како што љубителите на модата се навикнати – на гламурозни ревии каде што познатите се во првите редови, креативната директорка на „Баленсијага“, Демна Гвасалија ги помести нештата на малку поинакво место – во кал и барички. За изгледот на оваа сценографија е заслужен уметникот Сантијаго Сиера, а шоуто го отвори раперот Кање Вест.

– Шоуто е, всушност, метафора за потрагата по вистината, како и тоа – да бидеме поблиски, тука на тлото, вели Демна.

На ревијата доминираа ексцентрични креации, многу дуксери, јакни, светли бои како розова и црвена, но секако, и црна. си/

Таг
Back to top button
Close
Close