0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Баерн сака да го ангажира Френки де Јонг оваа зима

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг се најде во сферата на интерес на Баерн.

Минхен, 23 јануари 2022 (МИА) – Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг се најде во сферата на интерес на Баерн.

Клубот од Минхен прави сè што е можно за да го ангажира 24-годишниот холандски фудбалер, пишува „Marca“.

Де Јонг му е потребен на Баерн овој зимски преоден рок.Така следната недела ќе биде одлучувачка за играчот од средниот ред.

Претставниците на Баварците веќе стапиле во контакт со агентите на играчот за првични разговори. Но, доколку сега не е можно да се ангажира Де Јонг, Баерн ќе се обиде да го направи тоа на лето.

Истовремено, се забележува дека меѓу Баерн и Барселона има тензични односи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close