0_Спорт.ПорталТенис

Бадоса прва Шпанка која го освоила турнирот во Индијан Велс

Шпанската тенисерка Пола Бадоса синоќа ја победи Белорусинката Викторија Азаренка во финалето на турнирот во Индијан Велс со 2-1, по сетови 7:6 (7:5); 2:6 и 7:6 (7:2).

Индијан Велс, 18 октомври 2021 (МИА) – Шпанската тенисерка Пола Бадоса синоќа ја победи Белорусинката Викторија Азаренка во финалето на турнирот во Индијан Велс со 2-1, по сетови  7:6 (7:5); 2:6 и 7:6 (7:2).

Дваесет и тригодишната Бадоса стана првата Шпанка која победила на турнирот.

Во 1996 година, Кончита Мартинез стигна до финалето, но загуби од Германката Штефи Граф (6:7, 6:7).

За Бадоса, ова е втора ВТА титула во нејзината кариера.

Оваа година Шпанката стана победник и на турнирот во Белград. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close