КошаркаСпортСпорт.Слајдер

Бадел 1862 донесе историска победа за македонската женска кошарка во Јадранската лига

Бадел 1862 вечерва испиша историја и стана прва македонска женска кошаркарска екипа, која запиша триумф во Јадранската лига совладувајќи го Бановичи на гостински терен со 70:57.

Бановичи, 13 октомври 2021 (МИА) – Бадел 1862 вечерва испиша историја и стана прва македонска женска кошаркарска екипа, која запиша триумф во Јадранската лига совладувајќи го Бановичи на гостински терен со 70:57.

По двата стартни порази во групната фаза во регионалното натпреварување, кошаркарките на Бадел добро го отворија натпреварот на гостувањето во БиХ и веќе во воведниот период имаа двоцифрена предност (18:6), која до полувремето ја зголемија на (38:20).

Продолжението донесе поизедначена игра што беше доволно за македонскиот состав да ја одбрани предноста од првиот дел и да стигне до историска победа.

До триумфот ги водеше Ивана Кметовска со 24. реализации и шест скокови, Александра Стојановски дополни со 18. поени, четири скокови и две.асистенции, а Цветанка Димовска запиша дабл-дабл (16. поени и десет скокови). ег/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close