0_Web_Насловна-слајдерДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Ахмети ја бара поддршка за Бејта и од турската заедница во Гостивар

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва ја побара поддршката од турската заедница за нивниот кандидат за градоначалник на општина Гостивар: тој повика на поголема излезност и го образложи со важноста на исходот од овие локални избори.

Гостивар, 27 октомври 2021 (МИА) – Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва ја побара поддршката од турската заедница за нивниот кандидат за градоначалник на општина Гостивар: тој повика на поголема излезност и го образложи со важноста на исходот од овие локални избори.

– За да ни бидат достапни над две милијарди евра од странски фондови за нашиот развој потребна ни е соработка на општините. Без нив овие проекти не можат да се реализираат. Слушам дека прават коалиции, но ние не коалициравме за тендери, имаме коалиции. Имаме коалиција со граѓаните, јас самиот подадов рака за соработка со турската и бошњачката заедница. Предложив, турскиот јазик да стане официјален јазик во Кичево, ама тоа не го правиме за гласови туку за целосна рамноправност. Овие работи кои не рече Ахмети на собирот со турската заедница во Гостиварската општина.

Кандидатот за градоначалник во вториот круг од редовите на ДУИ, Невзат Бејта напомена дека изминативе години како и како градоначалник, министер и како пратеник бил во служба на граѓаните.

– Уште во првиот мандат работев напорно за да се изградат училиштата во Здуње и Горна Бањица и спортски сали. Успеавме да го официјализираме турскиот јазик во општина Гостивар, турското знаме е истакнато пред општината. Тогаш ги почитувавме правата на сите, така ќе биде и понатаму. Сега имаме нова програма, која ќе ја заживее економијата на градот. Во оваа програма ги предвидовме сите проблеми што ги има нашиот град и турската заедница, затоа ни е потребна поддршката, рече Бејта.

На собирот во ресторанот Албис во Долна Бањица зборуваше и Артан Груби.згм/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close