0_Web_АктуелноЛокални избори 2021Политички партии

Ахмети: Треба да се мобилизираме и да не дозволиме ВМРО да победи во Гостивар и Кичево

Лидерот на политичката партија Демократска унија за интеграција Али Ахмети на предизборен собир во гостиварско Чегране побара членството и граѓаните да се мобилизираат за вториот круг и да го поддржат кандидатот на ДУИ, Невзат Бејта. Тој имаше кусо обраќање во кое напомена дека се блиску до победа.

Гостивар, 23 октомври 2021 (МИА) – Лидерот на политичката партија Демократска унија за интеграција Али Ахмети на предизборен собир во гостиварско Чегране побара членството и граѓаните да се мобилизираат за вториот круг и да го поддржат кандидатот на ДУИ, Невзат Бејта. Тој имаше кусо обраќање во кое напомена дека се блиску до победа.

– Ако не бевме блиску до победа, немаше да дојдам вечерва пред вас. Не сакам да загубиме во Гостивар од ВМРО или во Кичево. Ги молам чегранци да се мобилизираат и да не дозволиме ВМРО да победи, рече Ахмети.

На собирот, тој потсети накусо што во изминативе дваесет години откако е во извршната власт било направено и потенцира дека претстојат важни проекти како Коридорот 8, железничката траса за кои како што рече потребна е и политичка поддршка од локалните самоуправи.

– Сега отворивме ново поглавје како ДУИ и на Гостивар му треба достоен лидер. Се разбира, на многу проекти им е потребна политичка поддршка од општините. Погледнете наназад и видете кои бевме пред 20 години. Ни требаат и општините да го придвижат процесот напред. Благодарен сум ви за досегашните победи, а жал ми е за другите, тие кои немаат капацитет и да ни бидат достојни противници за да „влеземе во ринг, подвлече Ахмети.

Тој побара од жителите на Чегране да му кажат отворено и лично, зошто во оваа средина оствариле лош изборен резултат и каде е грешката доколку има.

Ахмети најави дека повторно ќе дојде во Чегране, бидејќи како што рече, во селото имало семејна трагедија и побара собирот да помине само со неговото обраќање. згм/оџ/

 

Back to top button
Close
Close