0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

Ахмети: Избори во оваа ситуација не се решение

Избори во оваа ситуација не се решение. Пред нас имаме една многу поблагородна мисија за граѓаните на Република Северна Македонија. Ние треба да ги започнеме преговорите со ЕУ. Пред нас имаме огромни значајни проекти, не само политички, не само економски, туку и геополитички и геостратешки, како што е Коридорот 8 и Коридорот 10, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Скопје, 19 јуни 2022 (МИА) – Избори во оваа ситуација не се решение. Пред нас имаме една многу поблагородна мисија за граѓаните на Република Северна Македонија. Ние треба да ги започнеме преговорите со ЕУ. Пред нас имаме огромни значајни проекти, не само политички, не само економски, туку и геополитички и геостратешки, како што е Коридорот 8 и Коридорот 10, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

На вечерашната прес-конференција во седиштето на ДУИ во Тетово, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ДУИ би прифатиле избори доколку политичката клима не е како што треба, тој истакна дека значајни моменти бараат силна солидарност.

– Како што се пред нас надминувањето и менаџирањето на кризата која што не е едноставна криза, туку, цела Европа е во војна. И во ситуација кога целиот регион е во таква криза, и кога цела Европа е во војна со неправедното анексирање на Украина, затоа значајни моменти бараат силна солидарност, затоа што се руши правдата и слободата на украинскиот народ и на државата наречена Украина, рече тој.

Во овие ситуации, како што дополни, нам ни треба мобилизација.

– Ни треба организација подобра како да се соочиме со овие кризи, како да ги менаџираме кризите и како да направиме олеснителни околности на граѓаните во однос на менаџирањето на секојдневниот живот и да ја надминеме што е можно полесно оваа ситуација, оваа криза која што не владее само во Европа туку во целиот свет, дополни Ахмети.

Во врска со вчерашниот протест на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети посочи дека правото на политичките партии, на целото општество за протест е уставно загарантирано.

– Ова право ВМРО и коалициските партнери го искористија. Но, кои се коалициските партнери, тоа е нивно внатрешно прашање. Со Левица, или со партијата на Бачев, која што е створена со мозокот и идеологијата на Путин за да имаат влијание во балканските простори. Ова е болно за мене и го велам многу искрено затоа што ВМРО е партија која што е опозициска, не треба да биде во замките на апетитите што е можно поскоро да се дојде на власт, рече Ахмети.

Според него, доколку тие се определени за да растат, да придонесат за стабилна Македонија со сигурна иднина, тогаш, како што рече „треба да ги избираат и своите пријатели и своите партнери со кои што коалицираат, соработуваат и со кои што градат стратегија“. ар/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close