Дописници МКДОпштински вести

Асфалтирање на новата сервисна улица во близина на граничниот премин „Богородица“

Паралелно со меѓународната автопатна делница, што досега беше единствена врска на градот со границата, конечно почна афалтирањето на новата сервисна улица што ќе биде нова алтернативна врска на Гевгелија со натпатникот во месноста Милци и со автопатот Е-75 во близина на граничниот премин „Богородица“.

Гевгелија, 6 декември 2021 (МИА) – Паралелно со меѓународната автопатна делница, што досега беше единствена врска на градот со границата, конечно почна афалтирањето на новата сервисна улица што ќе биде нова алтернативна врска на Гевгелија со натпатникот во месноста Милци и со автопатот Е-75 во близина на граничниот премин „Богородица“.

Улицата со должина од 930 метри ќе се протега по трасата на стариот автопат, што беше затворен за сообраќај и од кај мостот на реката Вардар ќе се поврзе со натпатникот кај Милци и со автопатната делница кон македонско-грчката граница.

– Реализацијата на проектот е од приоритетно значење за нас од причина што ја заокружуваме сообраќајната инфраструктура во непосредна близина на границата со што го задоволуваме и интересот на инвеститорите за реализација на своите проекти во месноста Милци, рече градоначалникот Андон Сарамандов по извршениот увид на градежните работи.

Освен дополнителното поврзување на Гевгелија со граничниот премин, сервисната улица ќе има големо значење и за неколкуте туристички објекти во овој дел од градот како и за полесен приод до археолошкиот локалитет „Вардарски рид“. им/нд/

Back to top button
Close
Close