0_Спорт.ПорталФудбал

Асенсио незадоволен од својата позиција во Реал Мадрид

Договорот на фудбалерот Марко Асенсио со Реал Мадрид истекува за две години, па клубот прави обиди да го обнови договорот со него веќе во оваа фаза.

Мадрид, 21 септември 2021 (МИА) – Договорот на фудбалерот Марко Асенсио со Реал Мадрид истекува за две години, па клубот прави обиди да го обнови договорот со него веќе во оваа фаза.

Сепак, 25-годишникот не доби јасно објаснување за себе за неговата улога под водство на Карло Анчелоти, па на раководството на „кралскиот клуб“ им нуди состанок на крајот на оваа недела, за што има намера да разбере подетално неговата моментална позиција во клубот, објави „Марка“.

За пет натпревари во новата сезона, Асенсио одигра само 95 минути. Фудбалерот не успеа да постигне гол или да асистира оваа сезона.

Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува играчот на 35 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close