Граѓански секторДописници МКДОпштествоОпштински вести

Архијерејска литургија и литија по повод Источен петок (Балаклија) во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“

По повод празникот Источен петок (Балаклија), празник во чест на истоимениот извор на Богородица во Цариград, денеска ќе се оддаде почит на црковните извори во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“.

Кичево, 29 април 2022 (МИА) – По повод празникот Источен петок (Балаклија), празник во чест на истоимениот извор на Богородица во Цариград, денеска ќе се оддаде почит на црковните извори во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“.

Отец Александар Крстаноски посочи дека оддавањето почит ќе започне со Пасхална архијерејска литургија во 9 часот изутрина, со која ќе чиноначалствува епископот антанијски г. Партениј, по што ќе биде организирана литија од манастирот до изворите во месноста Господинец.

– Празникот Источен петок (Балаклија) ќе биде одбележан во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ со Света архијерејска литургија со која ќе чиноначалствува епископот антанијски г. Партениј со повеќе црквенослужители, а на литургијата ќе присуствуваат и претставници од монашкото братство од „Свети Јован Бигорски“ и монашките сестринства од манастирите „Пресвета Богородица Пречиста“, „Свети Ѓорѓија Победоносец“ и Рајчица Дебарско, истакна Бошко Сарафилоски, верник и црковен активист.

По завршувањето на Светата архијерејска литургија, ќе биде организирана и литија, која ќе ја предводи епископот антанијски Партениј, а која ќе се упати до месноста Господинец и манастирските штали.

– Литијата, која ќе биде организирана по повод Источен петок (Балаклија), од манастирот ќе се упати кон месноста Господинец, каде што во 1558 година се обезглавени тројцата пречистански преподобни маченици, светите Аверкиј, Евнувиј и Пајсиј. Потоа литијата ќе се упати до манастирските штали, каде се чува добитокот, кој ќе биде благословен од страна на свештенството за богат род и за поброен добиток, додаде Сарафилоски. за/цр

Таг
Back to top button
Close
Close