Видео изјаваПолитички партии

Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за тендерот за водоводната мрежа на „Варшавска“

Онака како што и самите кажавме изминативе неколку денови откако објавувавме докази за сериозен криминал односно наместен тендер од страна на двоецот Шилегов – Весковски во јавното претпријатие Водовод и онака како што и претседателот Мицкоски најави на ТВ дуелот,  денеска ја поднесовме кривичната пријава до секторот за организиран криминал, до јавното обвинителство. Каде што јавното обвинителство и Вилма Русковска треба да отворат случај за да го истражат до крај и да понесе некој одговорност за овој сериозен криминален предмет кој што се случи во јавното претпријатие Водовод.

Back to top button
Close
Close