Локални избори 2021Политички партии

Арсовска: Шуто Оризари ќе се развива рамномерно како сите останати скопски општини

Асфалтирани и безбедни улици и соодветна комунална инфраструктура во општина Шуто Оризари ќе бидат во фокусот на почетокот од мојот мандат, порача Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со жителите од Шуто Оризари.

Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) – Асфалтирани и безбедни улици и соодветна комунална инфраструктура во општина Шуто Оризари ќе бидат во фокусот на почетокот од мојот мандат, порача Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со жителите од Шуто Оризари.

-Во текот на целата изборна кампања, посетив многу места, остварив средби со жители од сите скопски општини. Граѓаните навистина не бараат многу, а она што го бараат е лесно остварливо преку брзи и ефикасни решенија, неопходно е само подобро менаџирање. Сметам дека не е во ред општини од главниот град да функционираат како да се дел од минатиот век. Во општина Шуто Оризари, жителите сè уште газат по небезбедни калливи улици без тротоари и немаат водоводна и канализациска мрежа, немаат ни соодветно место за да го фрлаат ѓубрето, рече Арсовска.

Нагласи дека  секој од нас заслужува пристојни услови за живот, а секоја општина, како што рече, треба да се развива рамномерно, без стагнирање.

Посочи дека уште во првите денови од функцијата градоначалник на Град Скопје ќе даде налог да се утврдат сите приоритетни слабости и недостатоци и потоа ќе се започне со реализацијата на решенијата предвидени за нив.

-Заложбите за подобра иднина за најмладите ќе бидат еднакви во секоја општина. Во Шуто Оризари ќе се изгради детско игралиште, велосипедски патеки, а автобуските линии ќе бидат поредовни, рече Арсовска. вј/цр

Таг
Back to top button
Close
Close