0_Web_Насловна-слајдерВидео изјаваЛокални избори 2021Политички партии

Арсовска: Скопје добива жена градоначалник по 30 години од независноста

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска која доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа во вториот круг на изборите.  Во обраќањето, Арсовска им се заблагодари на скопјани за укажаната доверба што за првпат по 30 години независност Скопје добива жена градоначалник и најави дека веднаш ќе започне со реализација на проектите од нејзината изборна програма. Дел од нив, како што рече, ќе се реализираат уште во првите 82 дена од мандатот.

Скопје, 31 октомври 2021 (МИА) – Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска која беше поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа во вториот круг на изборите.

Во обраќањето, Арсовска им се заблагодари на скопјани за укажаната доверба што за првпат по 30 години независност Скопје добива жена градоначалник и најави дека веднаш ќе започне со реализација на проектите од нејзината изборна програма. Дел од нив, како што рече, ќе се реализираат уште во првите 82 дена од мандатот.

– Не можам да изразам колку ми значи што сите вие скопјани ја поддржавте мојата визија и ги поддржавте моите проекти што ги имав во оваа кампања. Меѓутоа, пред се, што одбравте да верувате на човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водат градот Скопје и да бидам ваш човек во градот. По тешки битки, ако можам така да се изразам, во оваа кампања мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување и на мое големо задоволство истакнувам дека за првпат во 30 години независна Македонија Скопје има жена за градоначалник, рече Арсовска.

Додаде дека разликата со нејзиниот противкандидат е над 20 илјади гласови и најави дека Скопје ќе го трансформира во чист, зелен и модерен град. ар/бак/

Back to top button
Close
Close