Локални избори 2021Политички партии

Арсовска: Скопјани ќе го имаат последниот збор во креирање на Генералниот урбанистички план

Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје во вечерашното телевизиско соочување во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5, истакна дека Генералниот урбанистички план треба да биде отворен и достапен за граѓаните, укажувајќи дека по стапување на функцијата градоначалник ќе ги повика сите засегнати релевантни страни, експерти и граѓаните да партиципираат во креирање на овој урбанистички план и да дадат квалитетни решенија.

Скопје, 15 октомври 2021

Јас истакнав повеќе пати дека сметам дека Генералниот урбанистички план треба да биде отворен и достапен за граѓаните. Беше истакнато дека пред една година е отпочнато со работа и дека тим од експерти веќе работат на тоа да го креираат практично оној документ кој што треба да се донесе во 2022та година и верувам дека по стапувањето на оваа позиција како градоначалник на Град Скопје ќе имам можност најпрво да ги повикам сите оние кои што се засегнати релевантни страни, сите дополнително експерти и луѓе кои што можат да партиципираат да дадат квалитетни решенија, и сите скопјани да можат да кажат дали е она кое што тие со тоа се согласуваат дека е вистинското решение кое што ќе го трасира патот на кој начин ќе се развива градот во наредните 10 години, рече Арсовска и додаде дека последниот збор ќе го имаат токму скопјаните, посочи Арсовска.

Затоа што она решение кое што се планира да се донесе во 2022 та година ќе биде на сила 2032та година и понатаму ќе имаат можности доколку не биде направен соодветно како што треба, луѓе да велат така беше, ништо не можевме да направи во однос на тоа, тоа го наследивме итн, верувам дека скопјани мора да го имаат последниот збор за она за кое што тие сметаат дека е иднината на овој град и во кој насока нашиот град треба да се движи, децидна е Арсовска.

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close