Локални избори 2021Политички партии

Арсовска од Топанско Поле: Решавање на постоечките проблеми и создавање услови за нормален живот

Населбата Топанско Поле се наоѓа во близина на централното градско подрачје, а граѓаните секојдневно се соочуваат со многу проблеми, како неасфалтирани улици. За мене е неприфатливо во сите делови на Скопје да нема еднакви услови за живот и за развој. Треба да направиме сè што е возможно да имаат услови за квалитетен живот во главниот град. Уште од прв ден ќе работам на решавање на сите овие проблеми со брзи и ефикасни решенија кои ќе значат конечно надминување на затекнатите состојби. Нема да има заборавени населби во Скопје“, истакна Арсовска на средбата со граѓани во Топанско Поле.

Скопје, 27 октомври 2021

Неасфалтирани улици, лош пристап до своите домови, немање доволен број паркинг места, недоправени паркови се дел од проблемите со кои се соочуваат жителите на скопската населба Топанско Поле во општина Чаир, кои ги претставија на денешната средба пред независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

„Населбата Топанско Поле се наоѓа во близина на централното градско подрачје, а граѓаните секојдневно се соочуваат со многу проблеми, како неасфалтирани улици. За мене е неприфатливо во сите делови на Скопје да нема еднакви услови за живот и за развој. Треба да направиме сè што е возможно да имаат услови за квалитетен живот во главниот град. Уште од прв ден ќе работам на решавање на сите овие проблеми со брзи и ефикасни решенија кои ќе значат конечно надминување на затекнатите состојби. Нема да има заборавени населби во Скопје“, истакна Арсовска на средбата со граѓани во Топанско Поле.

Таа додаде и дека за разлика од делумните решенија кои ги оставила локалната власт во заминување, таа нуди целосни решенија, како брзо и ефикасно сообраќајно решение кое ќе ги поврзува општините Чаир, Бутел и Центар, решавање на проблемот со паркинг места, изградба на нови катни гаражи и паркиралишта и тоа кај Чаирчанка, амбулантата во Чаир и Топанско Поле.

Во општина Чаир според програмата на Арсовска ќе биде еден од петте мега-паркови во градот, по примерот на Градскиот парк во Скопје.

Незавсина кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close