Локални избори 2021Политички партии

Арсовска: Не поседувам бугарско државјанство и никогаш не сум го носела името Даниела

Скопје, 27 октомври 2021 

На новинарското прашање од денешната прес конференција на независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, во однос на наводите дека е бугарски државјанин, таа истакна дека во целост ги негира таквите тврдења.

„Јас во целост ги негирав овие наводи и морам да кажам дека не само скопјани, туку и цела Македонија знае и верува дека луѓето кои што ги продадоа македонските национални интереси сега два дена пред изборите излегуваат со наводи кои што јас не можам низ постапка да ги докажам и тоа го прават зошто, затоа што јас не бев ниту човекот ниту жената која што ги тераше да дадат изјава дека доколку го изгубат Скопје ќе ги изгубат и своите политички кариери и функции„ – посочи Арсовска.

За Арсовска, ваквите обвинувања, како што кажа таа, се само уште еден чекор на покажување и демонстрирање нечија слабост, затоа што таа е свесна, а според неа свесни се сите дека за работите кои што беа изнесени од страна на СДСМ во изминатите неколку денови, нема да може во во толку краток рок да докаже и да покаже дека безумно лажат.

Во контекст на прашањето дали кандидатката за градоначалник некогаш го носела името Даниела Јовановска, Арсовска повторно демантираше.

„Не никогаш името Даниела не сум го носела, јас сум родена Данела Јовановска а повеќе од 20 години сум Арсовска, Данела Арсовска името е по мојот дедо Дане којшто е македонец. Родена сум скопјанка, живеам целиот свој живот во Скопје, имам тука семејство, кое што безумно го напаѓаат почнувајќи од моите родители, почнувајќи од мојот син, мојот сопруг и верувам дека скопјани ова безумие сега што се случува и овој личен напад што го доживувам од луѓето кои што пет години ме викале да им давам економски совети и совети за економски мерки и седеле со мене на маса сега да кажуваат дека е антидржавен елемент, многу добро знаат луѓето и во Македонија и во Скопје дека сето тоа не е вистина. Треба да се срамат од тоа што го прават и јас веќе пуштив една тужба и се останато исто така, меѓутоа ово јпат нема да биде без надомест, сега тужбата ќе оди со надомест, и има сите средства што ќе ги земам од сите овие безумни лаги од овие изминати неколку дена да ги донирам и тоа не на политичка партија како што лажат, затоа што никогаш во својот живот ниту сум била член на политичка партија, ниту сум донирала на политичка партија ниту сум направила нешто погрешно“ – одговори Арсовска.

За Данела Арсовска, е бесмислена кандидатурата за градоначалник, доколку кандидатот има црни дамки на себе.

„Да сум направила нешто погрешно немаше да се кандидирам во трка каде што ќе ме напаѓаат вакви безобразни луѓе и луѓе кои што лажат континуирано и истата мисла не можат да си ја задржат ниту два дена откако ќе ја кажат. Затоа скопјани ве молам, доколку сакате човечност, поддржете човек за градот Скопје. Затоа што денеска јас веќе имам два непријатели, и овој кој што не направи ниту водовод, ниту канализација, ниту го исчисти Скопје, додека јас кандидирам за градоначалник којшто ќе го направи градот поубав, а не за премиер или за претседател, туку за некој којшто Скопје сака да го врати на скопјани, и скопјани да имаат поубава иднина. Од друга страна имам нов

непријател кој што денеска се пројави да каже дека има антидржавен елемент во мене. Извенете ве молам меѓутоа вие ги продадовте нашите национални интереси. Јас сум Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и јас своето име ниту името на моите членови не го продадов“ – заврши Арсовска.

 

Арсовска: За овие лаги ќе одговараат

-Ќе ги преземам сите мерки за да се заштитам од овие лажомани. Од прв до последен. Ќе се консултирам со најдобриот правен тим, со сите луѓе кои можат да излезат во пресрет да се заштитам во оваа кампања, а за три дена Скопје ќе има нов градоначалник. Скопјани, ве молам немојте да се плашите. Бидете силни, храбри, ова што се случува веќе во понеделник ќе биде минато”, е коментарот на Данела Арсовска за последните напади кон неа.

 

“Тие за овие лаги ќе одговараат. Јас ви кажувам дека за сите овие работи, овие луѓе ќе одговараат. Почнувајќи од лагите за моите родители, мојот татко, мајка, дете и сопруг. Секој човек кој има во својот живот некој близок, роднина, родител, дали сака вака да му го напаѓаат како што ме нападнаа мене. Напад од луѓе кои до вчера немаа никаква друга забелешка кон мене, ниту лично, ниту професионално, зошто го вадат сето ова сега? Сите овие работи, пред самата завршница. Затоа што се плашат дека ќе ги изгубат своите фотелји. Не ги терав јас да кажат дека ќе дадат оставка и ќе ја напуштат Владата ако го изгубат Скопје, а ќе го изгубат затоа што јас сум подобар човек. Треба да им кажат на скопјани зошто не ги реализираат ветените проекти од изминатите 4 години. Од 2017 до 2021 година, овој актуелен градоначалник не реализираше ниту 5% од сопствената програма. И нормално е дека тој човек секој ден ќе ме напаѓа, ќе уценува, ќе гребе за да ја задржи својата функција што не ја заслужил, а јас ќе ја заслужам”, дополни Арсовска.

Независна кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close