Локални избори 2021Политички партии

Арсовска на средба со претставници од движењето Полио Плус

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска оствари средба со претставниците од движењето Полио Плус. На средбата, како што информира прес - службата на Арсовска, тие дискутирале за секојдневните пречки и предизвици со кои се соочуваат лицата со каков било хендикеп.

Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) – Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска оствари средба со претставниците од движењето Полио Плус. На средбата, како што информира прес – службата на Арсовска, тие дискутирале за секојдневните пречки и предизвици со кои се соочуваат лицата со каков било хендикеп.

Претставниците на Полио Плус ја истакнале маргинализираноста на лицата со хендикеп, а како резултат на тоа и потребата од поголема инклузивност во градските процеси.

– Беше задоволство да се разговара за теми кои се навистина важни. Во период до сега и отсега, она што го имаме како заедничка заложба е да се овозможи правата кои ги имаат лицата со хендикеп да бидат практикувани во целост и на тоа треба да биде посветена локалната самоуправа. Едноставно, да има отворен и еднаков пристап кон сите лица и треба да се овозможи на секој еден човек да го живее животот онака како што заслужува. Верувам дека со заедничка посветеност ќе успееме во оваа наша мисија да имаме еднакви права и можности за градење поубав живот во нашиот град, истакна Арсовска.

Како заклучок од средбата, како што информира прес – службата на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, произлегло ветување и поддршка за конкретни чекори за поголема и поинтензивна соработка со градските служби за унапредување на правата на лицата со каква било попреченост. ки/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close