Локални избори 2021Политички партии

Арсовска на средба со граѓаните во Градски парк

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска денеска во Градскиот парк имаше средба со граѓаните на Скопје, соопштија од кабинетот на Арсовска.

Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) – Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска денеска во Градскиот парк имаше средба со граѓаните на Скопје, соопштија од кабинетот на Арсовска.

– Граѓани од сите скопски населби дојдоа и лично да се запознаат и разговараат со, како што велеа, својот иден градоначалник. При тоа, тие отворено и непосредно дискутираа со Арсовска за програмата и визијата за модерно Скопје, информираат од прес службата на кабинетот на Арсовска.

Граѓаните, како што се вели во соопштението од Арсовска, на средбата ги изнеле своите разочарувања од моменталната состојба во градот, од големите недостатоци во функционирањето и управувањето со градските служби, загаденоста и нечистотијата во градот.

Воедно, на овој настан присуствувале и претставници на здруженија и граѓански асоцијации кои бараа исполнување и на специфични потреби за одредени групи граѓани и прилагодување на градската инфраструктура за сечии потреби. оџ/аа/

 

Таг
Back to top button
Close
Close