Локални избори 2021Политички партии

Арсовска наводите дека има бугарско државјанство ги оцени како „срамни небулози“

Ако секој еден ден, сите небулози, лаги и напади врз мене како човек, како професионалец, врз моето семејство, се доведував во прашање да ги дискутирам, јас во оваа кампања ќе дискутирав само во функција на тоа да се бранам, наместо да презентирам проекти, изјави независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, на вечерашното гостување на телевизија 24, одговарјќи на прашањето дали има бугарски пасош.

Скопје, 26 октомври 2021

Колку и да ме напаѓате во следните денови имаме уште три дена од оваа кампања почитуван господине Шилегов, треба да знаете дека одговорност ќе имате за парите на скопјани кои ги потрошивте, а не дадовте отчет, за сите работи кои ги направивте вклучително за она што ме навредивте мене како личност и целото мое семејство, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24 во емисијата Анализа.

Арсовска одговори и на обвинувањата, односно како што рече небулози дека има бугарски пасош.

„Искрено не да сум разочарана, јас веќе не знам за што зборуваме и како не им е срам да излегуваат со сите овие работи, небулози кои ги вадат. Прво излегоа дека сум била донатор на политичка партија, каде се доказите за тие работи. Ги кријат, работите ги замаглуваат, ги вадат како полувистини каде се тие информации, каде се информациите дека сум муслиманка, каде се информациите дека некој нешто крадел, злоупотребил, каде се. Значи стварно е небулозно, срамно е да го прават на два дена пред кампања, а зборуваме за исти луѓе со кои јас сум имала можност пет години да седам на иста маса да бараат мои совети за еконосмки мерки и каде ниту еднаш, ниту лично, ниту професионално немале никаква замерка ниту на мојата работа, ниту на мојата личност“, рече Арсовска.

Јас знам, посочи таа, во каква борба влегувам и дека немам ниту една дамка.

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close