Локални избори 2021Политички партии

Арсовска: Има неколку можни локации за мега паркот во Чаир

Еден од петте мега паркови дел од изборната програма на Данела Арсовска, ќе биде лоциран во Чаир. За попрецизна локација на овој парк Арсовска вели дека има неколку можни локации и сите нудат опции овој простор да биде раззеленет и исполнет со содржини.

Скопје, 26 октомври 2021 

Еден од петте мега паркови дел од изборната програма на Данела Арсовска, ќе биде лоциран во Чаир. За попрецизна локација на овој парк Арсовска вели дека има неколку можни локации и сите нудат опции овој простор да биде раззеленет и исполнет со содржини.

“Мега паркот во Чаир ќе биде на локација на која што дополнително со новите општински власти по локалните избори ќе треба да ја утврдиме. Има простор што е однапред определен, а тоа е кај Топаана меѓутоа дополнително ќе работиме на делот да се уреди и да има уште една зелена површина а тоа е кај Скопскиот аквадукт.

Верувам дека имаме премногу простори и места каде може да се сместат убави и квалитетни паркови и рекреативни содржини за скопјани. И не смее да се дозволи градоначалникот во заминување да ги исполни со згради и со бетонски згради како што тоа го правеше изминатиот мандат”, истакна Арсовска.

„Брутално срамно е да излезе некој кој што украде толку многу пари од касата на скопјани, кој што на средина на изборна кампања 32 000 евра потроши на кафеана, да вмешува семејство во изборен процес. Бедно и срамно е некој кој што употребува милиони, да се дрзнува да вплеткува нечие семејство“ – вака го започна одговорот на денешната прес конференција, кандидатката за гардоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на новинарското прашање поврзано со непотизмот во градските институции.

Арсовска истакна дека верува дека лошите политики што ги води актуелната власт, ќе бидат казнети во недела од страна на скопјани, на гласањето за вториот изборен круг.

„Јас како личност кажав дека немам ниту една дамка во целиот свој живот и затоа знаејќи со какви луѓе ќе се соочам од другата страна, влегов во оваа трка, каде што не можат да најдат ништо кое што би можело да ме оштети ниту лично, ниту професионално, а тие слободно може да се бават со лагите и манипулациите. Им остануваат уште неколку дена“ – дополни Арсовска.

За крај, изразни благодарност до скопјани кои што и ја дале својата поддршка за да се избори со недостатоците со кои што во моментов се соочува Скопје, затоа што, како што кажа, воден е од недостоен градоначалник и недостоен тим.

„Повторно ќе кажам, овој градоначалник и луѓето што се околу него не се достојни да го водат овој град, затоа што прво не се достојни како луѓе, затоа што напаѓаат лично, затоа што конструираат лаги и јас верувам дека во недела сите скопјани тоа ќе знаат да го казнат“ – заклучи Арсовска.

Независен кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Таг
Back to top button
Close
Close