Локални избори 2021Политички партии

Арсовска: Изградба на модерна образовна инфраструктура и дигитализација на училиштата

Изградба на модерна образовна инфраструктура и модернизација на сите училишта, согласно стандардите на Европската Унија, најави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес-конференција.

Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) – Изградба на модерна образовна инфраструктура и модернизација на сите училишта, согласно стандардите на Европската Унија, најави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес-конференција.

Во општина Аеродром, Арсовска најави изградба на нова гимназија и нова градска библиотека, опремена со најмодерна технолошка опрема.

-Унапредување на условите на образовните институции кои ќе бидат безбедни за сите деца, родители и вработени како приоритет во работењето на секоја градска и локална самоуправа. Условите за работа во училиштата ќе овозможуваат квалитетен образовен, воспитен и социјален процес за нашите деца. Образовните институции во Скопје ќе бидат и места за поддршка на различностите, соработката и соживотот, додаде таа.

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје најави и подобрување на пристапноста на учениците од сите делови на градот до квалитетни училишта и унапредување на условите.

-Предвидено е и изградба на нов објект за средното училиште „Браќа Миладиновци“, како и за средното училиште „Лазар Танев“. Со изградбата ќе се обезбеди современа квалитетна настава и услови за квалитетно стручно образование, вели Арсовска.

Новата градска власт, како што посочи таа, ќе преземе активности во однос на финансиската  поддршка на надарените и талентирани ученици, но и поддршка за поддршка на средношколците во социјален ризик во вид на стипендија.

Како дел од програмата за локалните избори, таа најави и изградба на мултифункционални игралишта во сите средни училишта и опрема и реквизити за деца со попреченост, процес кој ќе го менаџираат стручни кадри во училишните спортски сали како би биле подостапни и за децата со попреченост.

Арсовска додаде дека со програмата е предвиден и процес на дигитализација на средните училишта, преку унапредување на наставниот процес и следење на модерните технологии преку набавка на информатичка опрема и спроведување соодветна обука за наставниот кадар. ки/лв/

Back to top button
Close
Close