Општински вестиСкопје

Арсовска за сообраќајниот метеж: Несериозно е да се исклучат семафори без најава

- Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови.

Скопје, 7 декември 2021 (МИА) – Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на својот Фејсбук профил реагираше за сообраќајниот хаос попладнево во Скопје.
– Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови.
Градот Скопје, додава Арсовска, ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос. нд/бк/

Back to top button
Close
Close