Локални избори 2021Политички партии

Арсовска: Заедно до поубав Карпош и поубаво Скопје

Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) – Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО+ДПМНЕ, Данела Арсовска вечерва се сретна со граѓаните од скопската општина Карпош каде разговараа за проблемите и недостатоците кои тие ги нотираат во нивната општина, но и генерално во градот.

Арсовска посочи дека скопјани бараат суштински промени, подобрување на квалитетот на животот на секој граѓанин, а промените започнуваат на 31 октомври.

Победата во првиот круг е победа која што сите вие ја донесовте заедно за поубаво, за модерно Скопје, а сега во вториот круг уште еднаш ќе им потврдиме дека е време за промени и тие промени доаѓаат по 31 октомври. Заедно ќе ги менуваме работите на подобро и ќе успееме да создадеме едно поубаво Скопје, рече Арсовска.

Таа од Карпош уште еднаш им се заблагодари на скопјани за поддршката на нејзината визија за модерно Скопје. Истакна дека Скопје повторно ќе биде град на сите, без заборавени населби, со сообраќајни решенија што ќе значат лесен и брз пристап, повеќе зелени површини.  

Скопјани заслужуваат да живеат во модерна европска метропола со модерна инфраструктура, без заборавени населби, со квалитетни и одржливи решенија за проблемите на граѓаните, со повеќе зеленило, чист воздух и здрава животна средина. Граѓаните конечно ќе добијат и брз, квалитетен и бесплатен јавен превоз, со што ќе понудиме еколошка алтернатива на автомобилите, а дополнително ќе набавиме и 250 нови еколошки автобуси со што ќе ги продолжиме автобуските линии до сите населени места каде има потреба. Ќе ги исчистиме дивите депонии како онаа на излезот од Карпош и на нивно место ќе има нови зелени површини за карпошани, истакна Арсовска.бак/са/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close