Локални избори 2021Политички партии

Арсовска ветува набавка на 250 еко автобуси за подобар јавен превоз во Скопје

Набавка на нови 250 еко автобуси ќе се реализира уште во првите 82 дена од новиот градоначалнички мандат и од тука ќе почнат најавените промени во јавниот превоз, наменети за целиот град Скопје, односно за сите населени места, најави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.

Скопје, 21 октомври 2021 (МИА) –  Набавка на нови 250 еко автобуси ќе се реализира уште во првите 82 дена од новиот градоначалнички мандат и од тука ќе почнат најавените промени во јавниот превоз, наменети за целиот град Скопје, односно за сите населени места, најави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.

Арсовска го организираше настанот при 30 минутно возење со јавен автобуски превоз и посочи дека возењето е непријатно, особено кога станува збор за дупките низ улиците и шахтите низ централното градско подрачје.

-Скопје повеќе не смее да има заборавени населби. Неопходно е Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови еко автобуси. Тоа е најбрзото и најсигурното решение за јавниот превоз во Скопје, за разлика од Бас Рапид Транзит проектот што ќе значи дополнителни инфраструктурни проекти, а реализацијата ќе трае со години, изјави независната кандидатка.

Таа додаде дека проектот за БРТ не е брзо решение и оти бара да се направат дополнителни инфраструктурни интервенции на мостот „Обединети нации“ и сечење на зеленилото на булеварот „Партизански Одреди“.

-Со проектот за еко автобуси целосно ќе се реши проблемот со јавниот превоз, а во исто време ќе се направи ред за возење каде што интервалите на доаѓање на автобусите ќе се скуси за да биде превозот побрз и почест, најави Арсовска и додаде дека метежот во автобусите ќе се намали, а ќе бидат воведени и почести ноќни линии за викендите.

Арсовска посочи дека за овие решенија не се потребни месеци, ниту години туку се решаваат веднаш. ки/лв/

Back to top button
Close
Close