0_Спорт.ПорталФудбал

Анчелоти: Поминав меден месец во Реал, се надевам дека ќе останам тука многу години

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сподели своите емоции од работата во клубот.

Мадрид, 21 септември 2021 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сподели своите емоции од работата во клубот.

– Јас сум на меден месец во Реал Мадрид и се надевам дека ќе останам тука во годините што доаѓаат. Како и сите други, така ја започнавме сезоната со некои тешкотии. Но, имаме неверојатен тимски дух. И успеавме да направиме приспособувања за време на натпреварите, потпирајќи се на карактерот на тимот, рече Италијанецот во емисијата на „Радио Раи“.

Анчелоти веќе работеше со Реал Мадрид (2013-2015) и ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Купот на Шпанија и Суперкупот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close