0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

АНБ: Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации до денот на приведувањето нема доставено барање за спроведување на безбедносни проверки за Миленкоски и другите две лица

Од извршената ревизија на постапките за спроведени безбедносни проверки е констатирано дека од денот на формирањето на Агенцијата за национална безбедност на 1 септември 2019 година до 27 август 2021 година, денот на приведувањето на М. Миленкоски, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации нема доставено барање за спроведување на безбедносни проверки, ниту за Миленкоски, ниту за останатите две лица споменати во медиумите. Воедно е утврдено дека од трите споменати лица, важечки безбедносен сертификат до денот на задржувањето во Србија имал само Миле Миленкоски и истиот е издаден врз основа на извршена безбедносна проверка од втор степен од страна на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање на 9 февруари 2019 година. За останатите две лица е утврдено дека не располагаат со важечки безбедносни сертификати, наведува АНБ.

Back to top button
Close
Close