Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Амбуланта за медицина на трудот ќе работи во Гевгелиската болница

Од утре,1 јули, во рамки на Општата болница во Гевгелија, по долгогодишна пауза, повторно ќе профункционира амбуланта за медицина на трудот со која ќе раководи доктор Тодорка Окова, потврдија надлежните од болницата.

Гевгелија, 30 јуни 2022(МИА) – Од утре,1 јули, во рамки на Општата болница во Гевгелија, по долгогодишна пауза, повторно ќе профункционира амбуланта за медицина на трудот со која ќе раководи доктор Тодорка Окова, потврдија надлежните од болницата.

Во амбулантата ќе се изведуваат прегледи за сите видови лекарски уверенија и превентивни здравствени прегледи, а меѓу другото ќе се издаваат лекарски уверенија за возачи аматери и професионалци, за засновање работен однос, како и екпертизи за работа и престој во странство.

Од гевгелиската општа болница посочија дека почнувајќи од утре во амбулантата за медицина на трудот ќе се вршат превентивни здравствени, систематски, периодични и насочени прегледи за сите заинтересирани граѓани од општина Гевгелија. им/цр

Таг
Back to top button
Close
Close