Дописници МКДОпштински вести

Амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која, во посета на Гостивар

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, оствари средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на која било дискутирано за актуелната состојба во општината и во земјава.

Гостивар, 29 ноември 2021 (МИА) – Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, оствари средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на која било дискутирано за актуелната состојба во општината и во земјава.

Градоначалникот Таравари рече дека во едночасовниот разговор со амбасадорот Која било оценето дека досегашната соработка била на високо ниво и дека има услови така и да продолжи.

– Средбите со шефот на мисијата на ОБСЕ, г. Која, претставуваат особен чест и се од голема корист. Освен за актуелната политичка ситуација, разменивме информации за работата на локалната власт, проектите кои ги планираме и нивната реализација. Во оваа прилика му се заблагодарив на амбасадорот Која за поддршката што Мисијата на ОБСЕ ѝ ја дава на Северна Македонија, со надеж дека успешната соработка со нив ќе продолжи и во иднина, како и за реализација на низа заеднички проекти за што побрза интеграција во Европската Унија, изјави Таравари по средбата.

Амбасадорот Која при посетата упати и честитки за изборниот резултат и на локалната власт ѝ посака успешен мандат во наредните четири години. згм/хс/

Back to top button
Close
Close