0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Амбасадорот Марковски го посети македонскиот штанд на меѓународниот саем во Тирана

Амбасадорот на Северна Македонија во Албанија Данчо Марковски, заедно со  министерот советник Сашко Ташулов и вториот секретар Блерта Сали, го посети  македонскиот штанд на  меѓународниот саем во Тирана, информираа од Амбасадата.

Тирана, 4 декември 2021 (МИА) – Амбасадорот на Северна Македонија во Албанија Данчо Марковски, заедно со  министерот советник Сашко Ташулов и вториот секретар Блерта Сали, го посети  македонскиот штанд на  меѓународниот саем во Тирана, информираа од Амбасадата.
– Оваа година првпат на заеднички штанд, во организација на Инвестицискиот форум на коморите на Западен Балкан (WB6 CIF), учествуваа 31 компанија од земјите од регионот, меѓу кои и македонски фирми. Амбасадирот Марковски со соработниците го посетија штандот на WB6 CIF, и реализираа средби со претставници  на присутните македонски компании, како и со претседателот на Стопанската комора на РС  Македонија, Бранко Азески, информираа од Амбасадата на официјалната фејсбук-страница.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Се додава дека во непосредниот разговор била  истакната подготвеноста на Амбасадата да помогне при воспоставување контакти и други неопходни информации поврзани со фирми од Албанија.

Исто така,  било потенцирано дека албанскиот пазар нуди сериозен потенцијал. вт/хс/

Back to top button
Close
Close