0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Алонсо: Ќе дадам сè од себе за третата титула во Ф1, тоа ќе биде порака до идните генерации

Возачот на Алпин, Фернандо Алонсо одговори на прашањето што мисли за можноста да ја освои третата титула во Формула 1.

Лондон, 25 ноември 2021 (МИА) – Возачот на Алпин, Фернандо Алонсо одговори на прашањето што мисли за можноста да ја освои третата титула во Формула 1.

– Секако дека такво нешто ќе ми значи многу. Но, не можам да кажам дека очајно се стремам кон ова, дека титулата целосно ќе ја промени мојата кариера, мојот поглед на Формула 1. Обожавам да се натпреварувам и во наредните години ќе направам сè што е во моја моќ. Првенството би ми значело многу – можеби во однос на генерациите што доаѓаат. Тоа би покажало дека секогаш треба да се борите до крај и да се стремите кон извонредност. Не е важно дали имате 19 или 43 години, треба да одржите многу јасен пристап кон трките. Ова е стил на живот, апсолутна посветеност на „Ф1“, изјави Шпанецот.

Алонсо има намера да остане во Ф1 шампионатот и по сезоната 2022.

  • Да, ќе останам. Дури и ако болидот не е толку добар, планирам да се натпреварувам уште две или три години.

Двете шампионски титули Фернандо Алонсо ги освои како возач на Рено, подоцна ребрендиран во Алпин. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close