Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Алијанса на Албанците со поддршка за Александар Јовановски за вториот круг од локалните избори

Oд Алијансатa за Албанците денеска е добиена информација дека во вториот круг нивните членови ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, со што ќе го испочитува прелиминарниот договор за поддршка на кандидатите од двете партии во повеќе општини од западниот дел на земјава.

Кичево 20 октомври 2021 (МИА) – Oд Алијансатa за Албанците денеска е добиена информација дека во вториот круг нивните членови ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, со што ќе го испочитува прелиминарниот договор за поддршка на кандидатите од двете партии во повеќе општини од западниот дел на земјава.

– Покрај нашиот дополнителен ангажман во наредните десетина дена, пристигна информација дека Алијансата за Албанците во вториот круг од локалните избори ќе го подржи нашиот кандидат Александар Јовановски. Покрај поддршката што ќе следи од оваа партија, нашите заложби во наредните денови ќе бидат насочени кон зголемување на излезноста на членови на партијата и граѓани на општина Кичево, што ќе придонесе нашиот кандидат со реални шанси за победа да влезе во вториот круг, истакна Лазе Јаќимоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево.

Тој додаде дека во претстојниот период ќе продолжат предизборните активности, ќе бидат посетени домовите на добар дел сограѓани, ќе се поразговара со нив и ќе се слушнат нивните размислувања и барања.

– За да ги зголемиме шансите за победа, неопходно е излезноста на граѓаните да порасне за 10 до 20 отсто, споредено со првиот круг. Со зголемената излезност и со посетата од куќа на куќа, очекуваме да ги претвориме во реални шансите за успех во вториот изборен круг. Нашиот кандидат го очекуваат интензивни активности до денот кога се одлучува кој ќе бидат татко на општината во наредните четири години, додаде Јаќимоски.  за/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close